
Столтенберг: Нема да дадам совет на друга организација, мое е да ги организирам само состаноците на НАТО
Италијанска новинарка попладнево на прес конференција во рамки на НАТО самитот упати прашање до генералниот секретар Јенс Столтенберг во врска со одржувањето на министерски состанок на ОБСЕ во Скопје и доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи.
Новинарско прашање: Поголемиот дел од присутните министри денеска ќе патуваат во Скопје, велам најмногу затоа што на пример балтичките земји и Украина. Велат дека нема да учествуваат на министерството поради очекуваното присуство на г-дин Лавров. Сакав само да ве прашам дали ова прашање навистина се појави денеска во дискусиите и дали вие лично сметате дека тоа е соодветно за господинот Лавров, да патува токму сега во земја на НАТО.
Денеска, министрите за надворешни работи разговараа за одвраќањето и одбраната на НАТО, поддршката за Украина. Mинистрите изразија загриженост и за војната на Блискиот Исток.
