Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоименов од АПИС: Игрите на среќа значително придонесуваат во државната каса и вработеноста во државата
Македонија

Стоименов од АПИС: Игрите на среќа значително придонесуваат во државната каса и вработеноста во државата

26/02/2026

AA

Игрите на среќа значително придонесуваат во буџетот на државата, а секторот е еден од најголемите работодавци, вели во интервју Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на игри на среќа.

„Асоцијацијата која јас ја претставувам е застапник на дел од приредувачите на игри на среќа во казина и автомат клубови. Во АПИС доминантно членуваат компании чиј капитал е странски и доаѓа од земји членки на ЕУ. Станува збор за реномирани светски брендови од секторот игри на среќа. Генерално, врз основа на податоците со кои ние располагаме, можам да го кажам следното. Вкупно гледано, сите легални приредувачи на игри на среќа, вработуваат околу 10 илјади луѓе, што ги прави најголем приватен работодавач во Македонија. Истовремено, треба да се земе предвид дека овие компании индиректно помагаат меѓу 54 илјади и 100 илјади други работни места, кои профитираат од игрите на среќа. На пример, постои податок дека од 3 до 5 илјади Грци играат во казината во Гевгелија за време на еден викенд. Тие полнат гориво, посетуваат стоматолошки ординации, се хранат во ресторани, купуваат во наши продавници, односно трошат финансиски средства во нашата економија. Согласно неофицијалните податоци на годишно ниво приливите во државниот буџет од игрите на среќа веќе одамна надмина 350 милиони евра. Не можеме да располагаме со податоци за вкупниот број на легални објекти за игри на среќа, ниту пак имаме информации за профитите на компаниите, но тоа не е тајна бидејќи е јавно достапна информација која сублимирано ја имаат надлежните државни институции. Особено што казината и автомат клубовите се електронски врзани со УЈП и сите финансиски уплати и исплати се регистрирани во реално време“, вели Стоименов.

Стоименов напоменува дека како последица на предизборните дебати на некои политички партии неретко се шпекулира со фантастични и крајно нереални бројки за наводен годишен профит кој го остваруваат приредувачите на игри на среќа во Македонија.

„Јавноста треба да ги знае следните податоци. Приредувачите на игри на среќа имаат законска обврска за плаќање посебна давачка во вкупен износ од 23%, од кои 1,5% одат за потребите на јавното здравство и 1,5% за потребите на Министерството за млади и спорт, а останатите 20%  директно се слеваат во централниот Буџет. Казината и автомат клубовите дополнително плаќаат годишно и за секоја лиценца која на приредувачите на игри на среќа во строго дефинирана процедура им ја издава Министерството за финансии, а конечно ја одобрува Владата. Приредувачите на игри на среќа како правни лица плаќаат и годишен данок на добивка по стапка од 10%. Плус за секоја поединечно остварена добивка од играње приредувачите имаат обврска да платат 15% данок на истата. Плаќаат плати за вработените и придонеси од работен однос (со двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени, бидејќи работното време е 24/7), за 10 илјади вработени. Државниот буџет се полни од приредувачите на игри на среќа и преку оданочување на закупнини на деловни простории, ДДВ преку купување опрема, мебел, надоместоци за струја и давање угостителски услуги. Конечно, приредувачите на игри на среќа плаќаат огромни суми на ДДВ, но се исклучени од правото да бараат поврат на истото. Кога ќе се сумираат приходи и расходи, за приредувачите останува 10% од кои треба да ги покријат трошоците за инвестициите и да остварат заработка што е основна цел на секој бизнис“, вели Стоименов.

Истовремено, вели тој, треба да се земе предвид дека надвор од овие давачки кон државата, компаниите, членки на АПИС постојано во духот на општествената одговорност, организираат хуманитарни, донаторски активности во образованието, јавното здравство, спортот, културата што е потврда дека ние сме партнер на заедницата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кочани со тридневна комеморација ќе им оддаде почит на загинатите

26/02/2026
Македонија

13 ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ВО ВРСКА СО ТРАГЕДИЈАТА

26/02/2026
Македонија

На чекор до „роаминг како дома“, Андоновски најави дека Законот

26/02/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ВО СТРУГА Полицијата одзеде возило управувано од

26/02/2026
Македонија

Стоименов од АПИС: Игрите на среќа значително придонесуваат во државната

26/02/2026
Македонија

КОЈ ОД ДУИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА АРТАН ГРУБИ? Кој

26/02/2026
Македонија

Одобрени обвиненијата за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ и

26/02/2026
Македонија

ИСПРАА РАЦЕ ОД СЛУЧАЈОТ „КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ГРУБИ“ Надзорот не

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41962
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кочани со тридневна комеморација ќе им оддаде почит на загинатите и ќе им се заблагодари

26/02/2026

Општина Кочани подготвува низа активности за одбележување на првата годишнина од страотниот настан во клубот „Пулс“ кој се случи на

13 ПОЛИЦАЈЦИ И ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ОДГОВАРААТ ВО ВРСКА СО ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“ Одобрени уште два

26/02/2026

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и во

На чекор до „роаминг како дома“, Андоновски најави дека Законот е готов, се чека потег

26/02/2026

Македонските граѓани и бизниси наскоро би можеле да патуваат низ Европската Унија без страв од високи сметки за мобилен телефон.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy