Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стоилковски: Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДСМ
Македонија

Стоилковски: Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДСМ

31/01/2023

AA

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС.

Според нив, одговорни за тоа се затворските управи и служби поставени од СДС во чија што хиерархија доминираат луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС.

„Во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје. Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти.

Почитувани, Македонија е во еден многу тежок период во којшто СДС ја втурна и период во којшто и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоки сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата?

Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец- насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари?

Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност со можност за организирање на инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници?

Уште еднаш, дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?

Почитувани, уште еднаш укажувам на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДС да одговори на овие прашања. МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси.

Одговорноста за спречување на инциденти има само и само власта“, вели Стоилковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy