Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сто и осум години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур
Македонија

Сто и осум години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур

05/03/2023

AA

Денеска се навршуваат сто и осум години од раѓањето на народниот херој Страшо Пинџур, информираа денеска од Музеј галеријата во Кавадарци. Потекнувал од видно револуционерно семејство од кавадаречкото село Ваташа.

– Роден бил во Струмица на петти март 1915 година. Таму неговиот татко работел како учител. Во Крагуевачката гимназија се изградил како напреден младинец и револуционер. Таму во 1933 година започнал да го пишува својот дневник. Покрај другото, во овој дневник запишал, ,,Јас ќе умрам млад, а мојот гроб нема да се знае”. Во 1935 година Страшо Пинџур се запишал на Правниот факултет во Белград. Многу брзо влегол во редовите на напредното младинско и револуционерно движење. Се вклучил во Друштвото на напредните македонски студенти ,,Вардар”, а во текот на 1936 година бил избран за негов секретар. Станал и член на Акциониот студентски одбор, потсетија од Музеј галеријата.

Тој бил еден од основачите на македонското народно движење МАНАПО.

– Поради неговата голема активност и агитација меѓу студентите и работничката младина, во мај 1938 година бил уапсен од белградската полиција и осуден на шест месеци затвор во Ада Циганлија.

За време на летниот распуст во 1939 година, Страшо Пинџур заедно со Ристо Михов и Ѓошо Бојаџиев ја формирале партиската ќелија на КП за Кавадарци, ја обновиле партиската организација, што по 1920 година се наоѓала во длабока илегала, потсетија од Музејот.

По завршувањето на Правниот факултет во декември 1940 година, неговата активност како револуционер уште повеќе се зголемила.

На 26 март 1941 година Страшо бил во Скопје и заедно со Кузман Јосифовски – Питу и Мирче Ацев учествувале во демонстрациите против приклучувањето на Југославија кон Тројниот пакт.

По окупацијата на Македонија се наоѓал во Скопје, бил назначен за инструктор на ПК на КПЈ за Македонија, а од септември 1941 година бил член на Покраинскиот воен штаб. Тој бил задолжен да ја зајакне партиската структура, да формира нови месни комитети и воени штабови. Од јуни 1942 година бил член на Главниот штаб на Македонија, соопштија од Музејот.

Есента 1942 година, бил разбиен велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Страшо Пинџур и Мирче Ацев дошле во Велес, да ја консолидираат работата на партиската организација.

На 18 декември биле провалени од бугарската полиција во куќата на Јован Митрев и биле уапсени и спроведени во Областната полициска управа во Скопје.

На 4 јануари 1943 година во Скопскиот областен затвор, како последица од силните измачувања од страна на бугарската полиција, Страшо Пинџур умира. Било наредено уште истата вечер телото да биде однесено и закопано некаде на тајно место. Загинал на неполни 28 години. Така завршил животот на еден од најголемите револуционери и политички раководители на Македонија од времето на Втората светска војна. До денес не се знае каде е неговиот гроб, информираа од Музеј галерија Кавадарци.

Кога на 24 септември 1943 година на планината Кајмакчалан бил формиран Вториот баталјон во Македонија, името го добил по големиот револуционер и борец, Страшо Пинџур. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ во борба против фашистичкиот окупатор, Страшо Пинџур бил меѓу првите прогласени народни херои во Македонија, на 29 јули 1945 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат

24/11/2026
Македонија

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ

24/11/2026
Македонија

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ

24/11/2026
Македонија

ПО 104 ПРИЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КРАВИТЕ, НОВ ИНЦИДЕНТ СО

24/11/2026
Македонија

БУЏЕТОТ ЗА 2027 НОСИ НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Бојковска најави

24/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОТКРИ ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ИТНАТА ПОМОШ Нов центар,

24/11/2026
Македонија

СО ПАРАМЕДИЦИ ЌЕ СЕ ПОПОЛНУВА КАДРОВСКАТА ПРАЗНИНА ВО ИТНАТА ПОМОШ

24/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши

24/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46914
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО СТУДЕНОТО УТРО СЛЕДУВААТ ДОЖД И ОБЛАЦИ Температурите ќе паднат до минус 8, а потоа

24/11/2026

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот

БЕЗ КОМУНАЛИИ ЗА ИЗГРАДБА НА КУЌА, ПОЕВТИНИ СТАНОВИ И СТУДЕНТСКИ ПОПУСТИ Конески ги образложи мерките

24/11/2026

Три мерки за поддршка на младите, меѓу кои 20 отсто поевтини станови за млади брачни парови до 35 години, ослободување

МВР ГО ОТКРИ ЧОВЕКОТ ШТО МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРОТ ЛАНДОВ Станува збор за 38-годишен

24/11/2026

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое преку Фејсбук упатило заканувачки коментар кон новинарот и водител на подкастот „Претрес“, Кристијан

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy