Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојановски: Без разлика дали играме на природна или вештачка трева, нашите фудбалери се професионалци!
Македонија

Стојановски: Без разлика дали играме на природна или вештачка трева, нашите фудбалери се професионалци!

08/06/2025

AA

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026, на гостински терен против селекцијата на Казахстан. Натпреварот ќе се игра на Астана Арена, со почеток во 16 часот по македонско време.

„Црвено-жолтите“ ќе бидат предводени од помошникот Роберт Стојановски, бидејќи селекторот Благоја Милевски ќе го пропушти дуелот поради суспензија од два жолти картона.

Иако мечот ќе се одигра на терен со вештачка трева, Стојановски уверува дека националниот тим е фокусиран и максимално подготвен:

– Без разлика дали играме на природна или вештачка подлога, нашите фудбалери се професионалци и подготвени на секакви услови. Казахстан има солидна селекција, но нашата цел е јасна – одиме по победа, изјави Стојановски.

Македонија во досегашниот тек од Ј-групата има пет освоени бода од три натпревари и е без пораз. Од друга страна, Казахстан има една победа и еден пораз од два одиграни меча.

Националниот тим во Астана допатува со оптимизам и надеж дека ќе продолжи со добрите резултати и ќе остане во трка за пласман на Мундијалот во 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Тврдењата на СКРМ за непостоење дијалог се

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43974
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор од понеделник

26/06/2026

Министерството за одбрана од понеделник ги започнува преговорите со синдикатите за нов колективен договор, кој предвидува зголемување на платите и

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026

Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy