Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојанче Ангелов се „сели“ во Дирекција за заштита и спасување
Македонија

Стојанче Ангелов се „сели“ во Дирекција за заштита и спасување

26/05/2025

AA

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Владата го назначи Ангелов на местото на Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа во домашен притвор во рамки на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март, во кој загинаа 62 лица.

Од ЦУК потврдуваат дека Ангелов ја напушта функцијата и преминува во ДЗС, каде ќе го преземе раководството во чувствителен момент за институцијата.

Во тек е и идејата за спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување во една единствена институција. Овој чекор е дел од поширок план за унапредување на националниот систем за кризни ситуации, како и исполнување на барањата и стандардите на НАТО, особено во делот на координација, подготвеност и брза реакција во случаи на природни и техничко-технолошки катастрофи.

Очекувањата се дека Ангелов ќе има клучна улога во процесот на интеграција и реорганизација на двете институции, со оглед на неговото досегашно искуство во управување со кризни состојби.

Со преместувањето на Ангелов, директорската позиција во ЦУК ќе ѝ припадне на кадар од коалицијата „Вреди“, што се смета за политички договор со цел одржување институционална стабилност и континуитет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува

26/01/2026
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
Македонија

УДРИЛ ВО ПИЈАН ПЕШАК И ПОБЕГНАЛ Повредениот имал 1,69 промили

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40607
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува судењето за предметот „Кочани“

26/01/2026

Со искази на сведоци, оштетени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во големата судница на Кривичниот суд во

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици, казните се превисоки – следува

25/01/2026

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со остри критики за начинот на кој се спроведува проектот

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите граници – „Макамтранс“ бара итно

25/01/2026

Македонија се соочува со целосен прекин на товарниот сообраќај на граничните премини. Од утре напладне (понеделник), околу 370 камиони ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy