Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стојанче Ангелов до Таравари: Дали имате информации дека во Македонија има Албанци кои сакаат да се радикализаираат?
Македонија

Стојанче Ангелов до Таравари: Дали имате информации дека во Македонија има Албанци кои сакаат да се радикализаираат?

13/02/2023

AA

Под наслов „Изјасни се д-р Таравари!“, Стојанче Ангелов, лидерот на Достоинство, кој воедно е и член на владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ и актуелен директор на Центарот за управување со кризи, ја коментираше изјавата на лидерот на Алијанса, Арбен Таравари.

Своето размислување првиот човек на Достоинство го изнесе преку подолг пост на фејсбук.
Постот го пренесуваме во целост.
„Евентуално загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во земјава, па дури и да се појават нови идеи за реорганизација на државата”. Ваква заканувачка порака упати лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Да ја слушнев оваа изјава пред 20 години, без да му ја мислам ќе одговорев, ајде, ве чекаме, обидете се да ги реализирате вашите големи идеи за реорганизација на Македонија! Само, да не излезе како во 2001-та кога од “борци за ослободување на вековните албански огништа”, притиснати од македонските безбедносни сили, преку ноќ станавте “борци за човекови права” а потоа опкружени од нас, македонските бранители, молевте да бидете извлечени од опколеното Арачиново.

Но денес, 22 години после воениот конфликт од 2001-та, 15 години откако сум на чело на Достоинство, помудар и потрпелив, но и со значително политичко искуство од нашата валкана политичка сцена, малку подостарен но сеуште во одлична форма за одбрана на Македонија, сепак ќе кажам нешто сосем друго.

За судбината на Македонија одлучуваат сите нејзини граѓани, вклучително и Албанците, преку свои демократски избрани претставници во македонското Собрание. Оттука, Бугарите ќе станат дел од македонскиот Устав само тогаш кога најмалку 80 пратеници, како репрезент на македонските граѓани, ќе гласаат “за”.

Доколку Таравари смета дека актуелниот пратенички состав не е соодветен репрезент на народната воља тогаш останува можноста да се прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, веднаш да се излезе на вонредни парламентарни избори, да се формира нов собраниски состав и повторно, преку обид за обезбедување на најмалку 80 пратеници, да се разгледа делегираната народна воља на сите македонски граѓани вклучително и на Албанците. Многу едноставно. Доколку ниту тогаш нема најмалку 80 пратеници кои ќе гласаат за влез на Бугарите во Уставот, Бугарите ќе мора да почекаат.

Ќе чекаат Бугарите, но ќе чекаат и Македонците, и Албанците, и сите останати македонски граѓани. Првите за влез во Уставот, останатите за влез во ЕУ. Се додека не дојде до промена на политичката воља во Бугарија или во Македонија, нешто за што постојат најразлични методи, од најдемократски па до не толку демократски.

Најдемократскиот метод за реална проверка на граѓанската воља е организирање на демократски референдум со едно единствено и едноставно прашање, дали сте за или против влез на Бугарите во македонскиот Устав?

Притоа, за да ја избегнам опасноста и моите зборови да звучат популистички и распалувачки, “да”, јас ќе одговорам “да” за влез на Бугарите во Уставот и со разумни и издржани факти, без притисок, уцени и закани, ќе се обидам да убедам што повеќе граѓани да гласаат “за”.

“За”, бидејки со влезот на Бугарите во Уставот ќе се направи јасна уставна разлика помеѓу двата народа, Македонците и Бугарите, а воедно ќе продолжат и преговорите со ЕУ и европскиот пат на Македонија.

Истата оваа формално правна процедура важи и за било каква реорганизација на државата. Мнозинството македонски граѓани, а не Арбен Таравари или радикализирани Албанци, одлучуваат за организацијата или реорганизацијата на Македонија.

Оттука неговите зборови може да се толкуваат во две насоки. Најпрво како искрена но несмасно дадена изјава со која укажува дека лично тој има сомнежи или информации за постоење на Албанци кои би се радикализирале доколку Бугарите не влезат во Уставот, а со тоа би се закочил и европскиот пат на Македонија. Но, за да ја толкуваме неговата изјава во оваа насока требало да нагласи дека ниту тој лично, ниту луѓето кои ги предводи не се согласуваат со ваква радикализација.

Во вториот случај неговата изјава може да се толкува како евтин популизам и обид за добивање лесни политички поени кај дел од македонските Албанци без притоа да води сметка како се чувствуваат Македонците па и сите останати, вклучително и голем дел од македонските Албанци на кои одамна им е дојдена преку глава ваквата распалувачка и заканувачка реторика.

Сакам да верувам дека д-р Арбен Таравари мислел на првата можност, но за секој случај му укажувам дека во Македонија одлуките треба да се носат со почитување на народната воља, а не со провокации, уцени и закани кои ги креваат меѓуетнички тензии и го нарушуваат ионака кревкиот меѓуетнички мир, а со тоа и процесот на понатамошното меѓуетничко помирување, процес на кој некои од нас макотрпно работат со години наназад трпејки притоа голем јавен притисок и штета.

Скопје, 12.02.2023 година

Генерал Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство“, пишува на постот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред исчезнувањето повеќепати баравме помош

16/08/2026

Внукот на исчезнатиот Љупчо, Дарко, со јавна реакција побара одговорност од институциите, тврдејќи дека семејството уште пред неговото исчезнување повеќепати

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси куќите од пожарот кој ноќеска

16/08/2026

Драматична ноќ во Зелениково, каде пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy