Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стигнува втората сезона од „Пејачка“, сплет од магија, мистика и гревови од минатото
Македонија

Стигнува втората сезона од „Пејачка“, сплет од магија, мистика и гревови од минатото

18/12/2023

AA

По одличниот успех на првата сезона, на 19 декември на Суперстар каналот стартуваат со емитување втората сезона на серијата „Пејачка“.

Новите 12 епизоди ни носат неверојатен, возбудлив сплет од магија, мистика и гревови од минатото кои ги кројат приказните на главните ликови и ветуваат дека гледачите нема да сакаат да трпнат ниту миг.

Дејствието во втората сезона во голем дел се одвива во 1878 година кога и настануваат гревовите на главните јунаци кои потоа ги следат низ вечност. За некои и самите се виновни, а некои се последици на гревовите на нивните предци, чиј крст се носи довека.

Во современиот дел од приказната, серијата не’ запознава со популарниот пејач Локи, чии љубопитност и желба да се „меша“ во судбината го воведуваат во голема неволја. И додека Локи ја плаќа цената на своите желби, но и лесномисленост инспекторот Раде е фокусиран на истрагата на претходните убиства на естрадата кои за жал не завршуваат бидејќи има и нови жртви.

Само еден човек може да му помогне, но него никаде го нема – Бојан. Во потрага по одговори Раде ќе биде принуден да се соочи со сопствените демони.

Ова е само мал дел од мистичните и интригантни случувања во „Пејачка“. Серијата во целост може да ја следните од 19 декември на Суперстар каналот со почеток од 21 часот. Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.

Повеќе информации за како да уживате во ексклузивните содржини на Суперстар каналите може да дознаете на mtel.mk.

 

 

 

 

 

 

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски порача дека нема да се

01/10/2026

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy