Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Стејт департмент: Човековите права во Македонија без значајни промени, медиумите под притисок
Македонија

Стејт департмент: Човековите права во Македонија без значајни промени, медиумите под притисок

13/08/2025

AA

Во текот на 2024 година, состојбата со човековите права во Северна Македонија остана стабилна, без значајни подобрувања, се наведува во Извештајот на Стејт департментот за човековите права. Клучни проблеми продолжија да бидат ограничувањата на слободата на изразување и на медиумите, вклучително закани и насилство врз новинари, додека владата презела чекори за истрага и казнување на службени лица кои злоупотребиле права.

Уставот гарантира слобода на изразување и слобода на медиуми, а Владата генерално ги почитувала овие права. Сепак, медиумските и граѓанските организации укажуваат на притисоци врз новинарите преку тужби, закани и вознемирување, особено за оние што истражуваат корупција или објавуваат информации на интернет и социјални мрежи.

Во Извештајот се споменуваат и измените на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги, кои дозволуваат рекламирање на кампањи со „висок јавен интерес“ платени од Владата преку комерцијални радиодифузери. Независните медиумски здруженија изразиле загриженост дека измените отвораат простор за корупција и клиентелизам во медиумите.

Насилството и заканите врз новинари останаа сериозен проблем. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) пријави зголемување на инциденти, особено против жени новинарки. „Репортери без граници“ забележаа дека политичката поларизација влијае врз независноста на медиумите, а јавниот радиодифузен сервис се соочил со недостаток на уредничка и финансиска автономија. Онлајн медиумите, иако со поголема слобода на изразување, беа изложени на дигитални напади и обиди за дискредитација.

Од септември до крајот на годината, четворица новинари биле предмет на стратешки судски тужби (SLAPPs), поднесени од различни институции, политичари и бизнисмени. Од 2021 година, ЗНМ регистрираше 25 кривични пријави за злоупотреба на новинари.

Државниот инспекторат за труд не добил официјални жалби за кршење на правото на здружување на работниците, но работниците често се воздржувале од жалби поради страв од одмазда. Владата и работодавачите генерално ги почитувале правото на здружување, штрајк и колективно договарање, иако законот им овозможувал на работодавачите да отпуштат до 2% од работниците за време на штрајк.

Стандардите за безбедност и здравје при работа беа соодветни, но во градежниот и текстилниот сектор се забележани прекршувања, особено поврзани со управување со машини. Трудовите инспектори имале овластување за ненајавени инспекции, но нееднаквата распределба низ земјата го отежнувала спроведувањето на законите.

Законот забранува произволно апсење и притвор, со право за оспорување пред Суд. Владата генерално ги почитувала овие права, иако имало пријави за злоупотреби и прекумерна сила од полицијата. Во првите седум месеци, Министерството за внатрешни работи разгледало 37 жалби за прекумерна сила, од кои три биле потврдени.

Владата соработувала со УНХЦР и други организации за обезбедување заштита на бегалци, лица без државјанство и баратели на азил. Законот предвидува азил или статус на бегалец, а лицата со меѓународна заштита имаат пристап до услуги за социјална заштита.

Сепак, Македонското здружение на млади правници пријавило случаи на враќање на мигранти кон соседните земји без формална постапка. Измените на Законот за странци од декември 2023 година овозможуваат на бегалците од Косово со супсидијарна заштита да аплицираат за постојан престој, што беше поздравено од невладини организации како значаен чекор за заштита на правата на бегалците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy