Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Со оперски пејач од Косово вицепремиерот Меџити ќе слави 24 години од Рамковниот договор
Македонија

Со оперски пејач од Косово вицепремиерот Меџити ќе слави 24 години од Рамковниот договор

13/08/2025

AA

Денеска во Филхармонијата на Македонија, ќе се одржи гала вечер по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Настанот се организира под покровителство на првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, кој ќе биде и говорник на свеченоста.

Покрај информациите за датумот, времето и местото на одржување на настанот, во поканата се наведува дека ќе настапи познатиот оперски тенор од Косово, Раме Лахај. Станува збор за 41-годишен уметник роден во Исток, кој е еден од првите косовски оперски пејачи што настапувале во најпрестижните оперски куќи во светот, делејќи ја сцената со светски оперски легенди.

„Растењето во земја управувана од тоталитарен режим значително влијаело врз раниот живот на Лахај. Тој имал само 15 години кога избувнала косовската војна. Лахај е првиот уметник од Косово, пред и по војната, кој настапил на најважните меѓународни сцени на операта заедно со големи имиња како оперската легенда Пласидо Доминго, кој му додели и најпрестижната награда на Светскиот оперски натпревар ‘Опералија’ во 2016 година“, се наведува во неговата биографија.

Лахај настапува на оперската сцена од 2010 година, а неговото присуство на гала вечерта го прави настанот уште повпечатлив и значаен за одбележување на годишнината од Рамковниот договор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy