Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба
Економија

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

26/04/2024

AA

Голем недвижен имот
изграден во селото Косел, Охрид вреден над 600 илјади евра се нуди на продажба
преку наша комерцијална банка
.

Станува збор за
повеќе објекти, од кои за дел има документи, поточно имотен лист, но за дел од
изградените објекти кои се нудат на продажба нема целосна документацијата. Имотот
кој опфаќа повеќе објекти, го продава НЛБ Банка, и како што може да се види на
нивната веб страна, за објектите кои се со имотен документ се бараат точно 575.777
евра.

– Во извршна
постапка се продава недвижниот имот лоциран во село Косел-Охрид. Во непосредна
близина има индустриски објекти и семејни куќи
– се наведува во објавата.

Како што е
посочено согласно имотен лист број 954, КО Косел на продажба се објектите 11 и
12, но и помошни објекти. Во описот е посочено дека објект 11 се канцеларии со површина
од 236 метри квадратни, придружено се уште еден објект од 7 метри квадратни,
како и уште една чувара 12, на прв кат со површина од 15 метри квадратни.

Во овој пакет на
објекти, НЛБ Банка нуди уште еден објект со имотен лист број 1142, објект број
35 во истата опшина, со намена акционески друштава. Притоа во овој дел има еден
објект, станува збор за пријавница со површина од 16 метри квадратни наменети
за акционерско друштво. 

Со имотен лист
1121 се нудат објекти 9 и 10 исто така објекти наменети за акционерско друштво,
и тоа канцеларии со површина од 272 метри квадратни, но и објект на прв кат, од
131 метар квадратен.

Потоа канцеларии
од зграда 10 со површина од 322 метри квадратни, како и стан со површина од 271
метри квадратни. Во рамки на овој објект 10 има уште еден стан со површина од
134 метри квадратни.

– 
Моментална
продажна вредност на објект 11 изнесува 110.259 евра. Продажна вредност на
објект 12 изнесува 8.835 евра. Ппродажна вредност на објект 35 изнесува 6.503
евра. Моментална продажна вредност на објект 10 изнесува 285.060 евра. Продажна
вредност на објект 9 изнесува 165.120 евра. Вкупна моментална продажна
вредност изнесува 575.777 евра
– се наведува во огласот поставен на веб страната
на НЛБ Банка.

Во овој пакет НЛБ нуди и други објекти за кои не
се комплетирани документите за имотен лист. Согласно објавата има шест различни
објекти, чија квадратура варира од 5 до 24 метри квадратни.
Нивната заедничка
вредност е проценета на 16.176 евра.

Во понудата на оваа, но и други банки од земајва може
да се најдат куќи, станови, земјиште, повеќе типови деловен простор со различна големина,
но и различни типови на производни капацитети.

Прегледот
на понудата на банките покажува дека има голем избор на
станбени објекти кои се нудат на продажба, но меѓу нив има и недовршени
обејкти. Забележливо е што
дел од банките имаат куќи кои се со голема квадратува и истите се подолг период
на продажба.

Банките се
одлучуваат да стават имоти на продажба само како крајно решение. Најчесто тоа е
резултат на неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити
во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на
продажба.

За
оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се
потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или
листа од недвижнини кои ги продава.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy