
Стабилно и релативно топло време
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T=13°C. P=988hPa. U=55%. V=2m/s
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
