Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДОДЕКА ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА, ШВЕРЦОТ НА ОПАСНИТЕ ИГРАЧКИ СИ ВРВИ Илјадници парчиња петарди се кријат под тезгите
Македонија

ДОДЕКА ПОЛИЦИЈАТА АПЕЛИРА, ШВЕРЦОТ НА ОПАСНИТЕ ИГРАЧКИ СИ ВРВИ Илјадници парчиња петарди се кријат под тезгите

09/12/2025

AA

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни.

– Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите – велат од МВР.

МВР презема и акциски контроли, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

МВР во соработка со партнерите од невладините организации и други институции продолжува со активностите во оваа насока и уште еднаш апелираме да не се употребуваат пиротехнички средства.

– Апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца затоа што тоа може да има трагични последици. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112 – додаваат од МВР.

Покрај ова, полицијата информира дека вчера се најдени повеќе од 4.300 парчиња пиротехнички средства во Штип, а едно лице е лишено од слобода.

При преглед на тезгата на М.Н.(47) на плоштадот „Слобода“ во Штип, полицајците пронашле и одзеле 1.340 парчиња разновидни пиротехнички средства. Подоцна, со судска наредба, извршен бил и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени уште 2.993 парчиња различни пиротехнички средства.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy