
ССМ БАРА ДРЖАВАТА ДА ГИ СУБВЕНЦИОНИРА ПРИДОНЕСИТЕ: Минималецот да биде 500 евра
Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара минимална плата од 500 евра, а придонесите да ги субвенционира државата.
Следниот месец минималецот треба да се зголеми на 24.500 денари. Од ССМ пак предлагаат да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од придонеси, односно да бидат субвенционирани 12 месеци. Овој предлог деновиве ќе го испратат и до Владата и до Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски пак чека да види дали двете страни ќе постигнат договор. Вели дека тоа е работа на работодавачите и работниците. Македонија има најниска минимална плата во регионот. Повеќето веќе имаат минималец над 500 евра.
foto freepik.com/marinissimus