Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пелистер го торпедираше Алкалоид – битолчани имаат пол-позиција во плејофот!
Спорт

Пелистер го торпедираше Алкалоид – битолчани имаат пол-позиција во плејофот!

24/02/2025

AA

Екипата на Пелистер го одигра најдобриот натпревар сезонава во Суперлигата и на домашен терен славеше убедливо во пресметката против Алкалоид (33-20), еден од директните конкуренти во борбата за шампионскиот трофеј.

Од самиот почеток избраниците на Раул Алонсо го наметнаа своето темпо, па „фармацевтите“ во ниту еден момент не беше во водство. Имаа гостите од Скопје проблеми со реализацијата во почетните минути, па Пелистер отвори со водство од 5-1. По половина од првиот дел ракометарите на Алкалоид постигнаа само три гола, а Алкалоид ги одржуваше до тогаш највисоките „плус 5“ (8-3).Сигурно играше Пелистер и во прододолжение од првото полувреме, па високата предност лесно ја одржуваше. На пауза домашните ракометари заминаа со водство од 16-11.

Се обидуваше Лазаров да ги мотивира своите избраници да се вратат во натпреварот, но второто полувреме донесе уште поголема доминација на битолскиот состав. Растеше предноста од минута во минута, па во 43. минута за првпат домаќините поведоа и со двоцифрена разлка (24-14). Останатото до крај беше само рутина и доработување на задачата на радост на преполните трибини во салата во Битола. Најефикасен во победничкиот табор беше Филип Кузмановски со 11 погодоци, осум додаде Богдан Радивојевиќ. Кај поразената екипа се истакна Мартин Серафимов со осум погодоци.

Пелистер со оваа победа ја надополни негативата од поразот во натпреварот против Алкалоид во Скопје (25-32), па сега е лидер на табелата и во позиција да пренесат три бода во плеј-офот. Тоа ќе се оствари ако Пелистер не дозволи изненадување во последните три кола од регуларниот дел против Радовиш (гости), Бутел (дома) и Прилеп (гости). Ако и Вардар и Алкалоид не кикснат во пресметките со т.н аутсајдери, тогаш во следната фаза ќе пренесат по два бода.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy