Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извоз на македонската храна и вино
Македонија

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извоз на македонската храна и вино

18/10/2023

AA

Соработката на Сојузот на Стопански Комори на Македонија и  Кинескиот национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии (China national Research Institute of Food and fermentation industries) е надградена со посета на бизнис делегација од ССК на повеќе индустриски градови во Народна Република Кина. Делегацијата е составена од  :

г-ѓа Загорка Блажевска- директор и сопственик на Вита Нова, фирма за суровини за прехрана, фармација и козметика, член на Управен одбор на Сојуз на Стопански Комори,

г-дин Јани Богевски-сопственик на винарија Бовин,

г-ѓа Дина Дервенџи Стојкоски- менаџер на ресторан и хoтел Камник,

г-дин Игно Јанчев-менаџер за продажба и извоз на винарија Венец.

 

Кинески национален истражувачки институт за храна и ферментирачки индустрии е најважен истражувачки орган на системот за стандардизација во Н.Р.Кина ,и е мост помеѓу центрите на производство и примена на науката, со цел заокружување на научниот синџир и стекнување национална доверба во производите и услугите.

Во склоп на Инситутот постојат 4 истражувачки институти, 15 истражувачки групи, 2 виртуелни истражувачки групи и повеќе од 110 специјализирани лаборатории во стандардниот истражувачки институт, обезбедувајќи ја потребната позадина за истражување. Инсититутот има соработка со Националната организација за стандарди, под Секретаријатот на релевантните комитети на Меѓународната организација за стандардизација (ISO), Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Комисијата за кодексот за храна (CODEX) и Меѓународната организација за правна метрологија (OIML).

ССК  заедно со бизнис секторот интензивно работи на полето на стандардизација за да се подобри квалитетот  и да се задоволат потребите на општеството во областите  безбедноста на храната и животната средина, дополнително делува  на  достапност на  технолошки консултации до индустриите и поддржува инклузивен раст преку иновации. Главен акцент е да компаниите да имаат можност  на искористување на научниот потенцијал на универзитетите, истражувачките центри, индустриите и другите даватели на услуги, со цел решавање на клучните и приоритетни предизвици во бизнис секторот  .

,,Нашата мисија е да бидеме глобален тим од креативни професионалци, кои со следење на новите трендови, со своите идеи ќе доставуваат нови начини за подобрување на производите и процесите на производство на нашите клиенти,, изјави г-ѓа Загорка Блажевска од Вита Нова, дел од тимот на бизнис посетата  ССК во НР.Кина .

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy