
Српски опозиционер во бегство од апсење откако му се закани на Вучиќ со смрт
Опозицискиот политичар Срѓан Ного е во бегство откако по него беше распишана потерница. Според неофицијални информации, поранешниот пратеник го оставил телефонот дома, а потоа побегнал.
Налогот за апсење на Ного беше издаден по серија закани што ги упати во подкаст, вклучително и смртни закани кон српскиот претседател Александар Вучиќ, повици за убиство на полицајци и сомневања дека повикал на насилни промени и уривање на уставниот и државниот поредок.
Срѓан Ного се закани дека на 15 март, сабота, претседателот Вучиќ „ќе заврши под земја бидејќи мртвите усти не зборуваат“, а повика и на „слободно убивање полицајци“!?!