
Средба Османи- Џаишанкар: Отвараме ново поглавје во односите со Индија преку зајакната економска соработка и регионално поврзување
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, денес оствари средба со својот индиски хомолог, Субраманјам Џаишанкар. Во фокус на разговорите беше развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските. “Северна Македонија придава […]
