Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Средба Маричиќ – Еркранс: Во фокус обврските на патот кон ЕУ и улогата на македонското Собрание
Македонија

Средба Маричиќ – Еркранс: Во фокус обврските на патот кон ЕУ и улогата на македонското Собрание

30/03/2023

AA

Претстојните обврски и задачи кои ги имаме на патот кон Европската Унија и улогата на македонското Собрание во динамиката на преговорите беа во фокусот на средбата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, со заменик претседавачката на Комитетот за ЕУ прашања во шведскиот Парламент, Матилда Еркранс и пратеникот Аднан Дибрани.

Како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, во рамките на средбата која е дел од дводневната работна посета на Шведска, вицепремиерот истакнал дека напредокот ќе зависи од проактивноста и соработката на Собранието во исполнувањето на обврските и задачите кои ги имаме.

– Реформите и непреченото усвојување на европското законодавство ќе ја забрзаат евроинтеграцијата, а помошта и размената на искуства со пратениците во шведскиот Парламент ќе бидат олеснување на патот кон ЕУ, истакнал тој.

Оттаму пренесуваат дека соговорниците изразиле задоволство од заложбата и фокусот што го има Шведското претседавање со ЕУ на Западен Балкан, потенцирајќи ја важноста Северна Македонија да го искористи моментот и наклонетоста која ја има од земјите членки за напредок во преговорите со ЕУ.

– Од страна на шведските пратеници беше потврдена одличната соработка која ја имаат парламентите на двете земји и дека можеме да сметаме на поддршката од шведскиот парламент за унапредување на парламентарните процедури, особено во време додека Шведска претседава со Советот на Европската Унија, стои во соопштението.

На средбата со пратеникот Аднан Дибрани, како што дополнуваат, фокус тема биле актуелните случувања во регионот и европската перспектива, особено за време на актуелното претседавање на Шведска со Советот на Европската Унија.

– Се зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше поздравен од соговорниците, со верување дека ќе направи позитивна атмосфера за поинтензивна соработка и дијалог кои ќе придонесат полесно да ги надминат разликите и регионот заедно да продолжи да чекори кон ЕУ, велат оттаму, дополнувајќи дека во рамките на официјалната посета на Шведска, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари билатерална средба и со министерката за европски прашања, Јесика Росвал.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се

29/10/2026
Македонија

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА

29/10/2026
Македонија

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со

29/10/2026
Македонија

МАГЛА НАУТРО, ОБЛАЦИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Температурите ќе достигнат

28/10/2026
Македонија

M.Uslugi на албански, но не и дигиталната лична карта? Што

28/10/2026
Македонија

РЕЧИСИ 580.000 ЕВРА ОД ГЕРМАНИЈА ИМ ЛЕГНАЛЕ НА СМЕТКА И

28/10/2026
Македонија

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ РАСТАТ, НО ДОЛГОВИТЕ ГО ЈАДАТ БУЏЕТОТ Стојаноски

28/10/2026
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46422
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се 535 возила за војската, полицијата,

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео на Фејсбук на кое се прикажани новите возила што ги набави Владата во изминативе месеци

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА Николоски за патарините

29/10/2026

Македонија засега нема да ги замени патарините со вињетки, а наместо тоа, државата ќе се насочува кон електронска наплата и

Израел: Со 98% преброени гласови, блокот на Нетанјаху води со 53 пратенички места, но нема

29/10/2026

Според резултатите прикажани на графиконот, со 98% преброени гласови, блокот на Бенјамин Нетанјаху има 53 пратенички места, додека блокот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy