
Србите се пофалија со највисок пораст на платите во светот
Србите се пофалија дека Србија има најголем раст на платите во светот, во изминатите пет месеци. Веста ја пренесоа српските медиуми. Веста е за податоците од World of Statistics и листата на држави со најголеми зголемувања на платите од декември лани.
Србија, која забележа раст од 15,2 отсто, е на првото место на листата, а зад неа, во Топ 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија. Понатаму следат Полска, Хрватска, Словенија, Белгија, Естонија, Аргентина и други. Македонија, на листата на World of Statistics, е во долната „црвена зона“ со намалување на просечната плата во последните пет месеци од -2,8 отсто.

