Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пендаровски вели дека ако не бевме во НАТО и не споделувавме информации, немало да можеме да се справиме со руската пропаганда
Македонија

Пендаровски вели дека ако не бевме во НАТО и не споделувавме информации, немало да можеме да се справиме со руската пропаганда

17/05/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на лидерскиот состанок во организација на Белградскиот центар за безбедносна политика, насловен „Руската агресија врз Украина: Нов моментум за проширувањето на EУ?“, при што се осврна на значењето на членството во НАТО и влијанието на руската пропаганда на Балканот.

-Ако ние не бевме во НАТО и не ги споделувавме сите информации во тој систем, немаше да можеме да се справиме со сите други пропаганди и лажни вести. Ако ја споредиме пенетрацијата на руските служби во регионот, особено во Македонија, сега и таа не е толку голема во споредба со 2018-та година, кога го организиравме референдумот за членство во НАТО, и особено пред таа кампања, кога странски ентитети воспоставија 35 интернeт портали преку ноќ во земјава, од кои 2/3 имаа слични имиња на веќе постоечки, рече претседателот во дискусијата.

Во однос на билатералниот спор со Бугарија, како пречка во нашите интеграции кон ЕУ, претседателот Пендаровски изјави дека пред две и пол години Бугарија почна да изнесува барања кои немаат никаква допирна точка со ЕУ критериумите.

-Започнаа да зборуваат за македонскиот етнички идентитет, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека во периодот од 1941 до 1944 тие биле администратори, а не окупатори и сето тоа беше во писмена форма дисеминирано до сите амбасадори. Таков тип на историски ревизионизам е апсолутно недозволив во секоја сериозна дискусија, рече претседателот Пендаровски, додавајќи дека таков дијалог не прилега од страна на земја-членка на ЕУ.

Во дискусијата учествуваа Славица Грковска, вицепремиерката за политики за добро владеење, Игор Бандовиќ, директор на Белградскиот центар за безбедносна политика, Весела Чернева, заменик директор на Европскиот совет за надворешни односи, Горан Булдиоски, директор на програмата за Европа и Централна Азија на Фондот за отворено општество и Срѓан Цвијиќ, претседател на Меѓународниот советодавен комитет на Белградскиот центар за безбедносна политика.

Целта на лидерските состаноци е да се дискутира за значајните надворешни и безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, геополитичките настани и трендовите што го засегаат, и да се процени иднината на демократските реформи, регионалната соработка и местото на Западен Балкан во глобалната политика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
Македонија

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник

09/08/2026
Македонија

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44929
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мотоциклист загина кај ресенско, изгубил контрола и излетал од пат

09/08/2026

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско,

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало во водите на Преспанското Езеро

09/08/2026

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник во центарот на Скопје

09/08/2026

На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од скопско.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy