
Србите од утре ќе го предаваат нелегалното оружје
Полицијата во Србија ги повика граѓаните утре да почнат со предавање на своето нелегално оружје.
Тие немаат никаква правна и кривична одговорност ниту обврска да кажат од каде им е оружјето. Мерката е донесена по кравите масакри во Белград и Младеновац кои ја потресоа Србија. Во првиот масакр загинаа 9, а во вториот 8 луѓе. Граѓаните се предупредени дека легалните парчиња оружје кои ги поседуваат треба да ги чуваат во сефови и секогаш одвоено од муницијата.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва изјавил дека нивна должност како држава е да излезат обединети после двете големи трагедии и да се обидат да решат некои проблеми во малку поинаков начин. Вучиќ за РТС изјавил дека тагата е огромна.