Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан, кажа министерот Спасовски на Денот на полицијата
Македонија

Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан, кажа министерот Спасовски на Денот на полицијата

07/05/2023

AA

Припадниците на полицијата се хероите на нашето време, тие секојдневно ги ризикуваат животите за да да ја заштитат заедницата во која живееме, а нашиот свет да го направат подобро место за живеење. Секој ден во секој град низ целата земја ден во секој град низ целата земја илјадници полицициски службеници вршат несебична, благородна работа, надвор од домот и семејство, во непредвидливи услови и често во непредвидливи ситуации, за да ги заштитат граѓаните, за да ја зголемат безбедноста на државата, во жестока пресметка со криминалот, спречувајќи ги кризите без чекање и двоумење. Тоа го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во Охрид каде се одржува централната свеченост по повод 7 мај – Денот на македонската полиција.

На свеченоста беа министри од Владата, пратеници во Собранието, министри за внатрешни работи и директори на полиции на повеќе држави од регионот, членови на дипломатскиот кор, други личности од јавниот, верскиот и општествениот живот, како и граѓани на Охрид.

„Нашето  време од нас бара да бидеме вистински и доследни чувари на законитоста, на редот и поредокот, на сигурноста и безбедноста на секој наш граѓанин, Имајќи ги предвид глобалните безбедносни предизвици, поимот „наш граѓани’ станува граѓанин на светот, што го покажаа турбуленциите од последните геополитички случувања на светско рамниште на кои ниту едно општество не остана имуно, а граѓаните на сите држави делеа исти грижи и исти заложби, рече Спасовски.

Тргнувајќи од основната премиса на секое демократско општество дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, МВР, како што нагласи тој, воспостави модерни стандарди кои ќе ја реализираат клучната позиција на полицијата како сервис на граѓаните.

„Со задоволство можам да констатирам дека минатата година ја завршивме со шест проценти намалување на вкупниот криминалитет, а откривачката функција на кривичните дела од организиран криминал бележи зголемување од 40 проценти. Дури 70 насто е зголемувањето на откриените дела поврзани со криумчарење мигранти, а зголемување за над 30 насто имаме и во спречените обиди за илегално преминување на државната граница. Запленивме над 2,4 тони дрога, како и 20 тони најразлични прекурсори, сузбиени се 15 криминални групи, од кои дури 12 делувале во областа на недозволената трговија со дрога, рече Спасовски.

Според него, за првите четири месеци од оваа година истакна дека вкупниот крминалитет е намален за 12,6 проценти во однос на истиот период лани.

„Бележиме најдобри резултати во последните 30 години, благодарение на кои Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот“, нагласи тој.

Претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси, во своето обраќање истакна дека Деновите на полицијата низ целиот свет имаат за цел да ја потсетат јавноста на пожртвуваноста на припадниците на безбедносните сили и нивниот секојдневен ангажман во обезбедувањето мирен и спокоен живот за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy