
Срби краделе во трговски центар во Австрија
Австриската полиција приведе Срби кои краделе во трговски центар.
Двајца млади Срби на возраст од 20-ина години се уапсени поради кражба во трговскиот центар „Парндорф“. Граѓанин забележал дека нешто необично се случува и пријавил.
„Мажот забележал автомобил, кој бил паркиран пред трговскиот центар и четворица млади момчиња, кои постојано заминувале и доаѓале до автомобилот. Го оставиле клучот од автомобилот на воланот, што предизвикало посебно внимание“, пренесуваат локалните медиуми.
Човекот видел дека младите влегле во дуќаните со празни кеси и си заминале со полни. Полицијата фатила двајца Срби со полни торби со облека, а потрагата по другите двајца крадци сè уште трае.

