Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Арсовска: Пречистителната станица во Скопје е најголемиот еко капитален проект во државава и регионот
Македонија

Арсовска: Пречистителната станица во Скопје е најголемиот еко капитален проект во државава и регионот

22/03/2023

AA

Нема проблем, затоа што не дозволивме да го има, рече градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска на новинарско прашање околу постапката за Пречистителната станица за отпадни води во Скопје за којашто денеска беше потпишан договор за грант од Европската инвестициска банка, со што се заокружи финансиската рамка.

По потпишувањето на договорот Арсовска изјави оти верува дека по завршување на сите неопходни постапки, на следниот настан практично ќе се официјализира она на што работеле од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изминатите години.

Според неа, станува збор за најголемиот еко капитален проект во државава и во регионот, којшто, како што рече, е навистина неопходен имајќи ги предвид додадените вредности што самиот по себе ги носи.

– Од една страна е тоа што ќе имаме прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води во градот Скопје, а од втора страна затоа што комплементарно се надополнува со сите останати работи коишто ги тераме како проекти во овие неколку години, а тоа е отпочнувањето конечно на справување со проблемот со тоа што веќе верувам сите го знаете како детектирен предизвик а тоа е дека 60 проценти од водите практично завршуваат не кај корисниците, односно се одлеваат од нашата мрежа. Значи, ова се навистина сериозни предизвици со коишто се справуваме. Отпочнавме со нивна реализација, појасни Арсовска.

На новинарско прашање дали имало проблеми во постапката таа наведе дека „нема проблем, затоа што не дозволивме да има проблем“. Шест месеци подоцна не дозволивме да има проблем, нагласи таа.

По денешното заокружување на финансиската рамка, останува уште да се завршат процесот на експропријација и урбанистичко-ппланската документација со Градот Скопје и Општина Гази Баба, како и да се потпишат договорите за градба и надзор од страна на ЈП „Водовод и канализација“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите,

29/10/2026
Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори

29/10/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ

29/10/2026
Македонија

СИТЕ БЕЗБЕДНО ДА СТАСАМЕ ДО СВОЈАТА ЦЕЛ! Кампања на ОКТА,

29/10/2026
Македонија

ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦАТА САНТЕ ПЛУС ПОД ЛУПА НА ПОЛИЦИЈАТА Сомнежи

29/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦАТА УАПСЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ БИЛЕ СНИМЕНИ

29/10/2026
Македонија

🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се

29/10/2026
Македонија

ВИЊЕТКИТЕ НЕ СЕ ПРАВИЧНА ОПЦИЈА, ЌЕ СЕ РАЗВИВА ЕЛЕКТРОНСКАТА НАПЛАТА

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46428
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВОЈНИОТ ТЕСТ ЗА РЕГУЛАТОРИТЕ Нулта толеранција за пристап на младите, точни информации за возрасните пушачи

29/10/2026

Во септември 2026 година, Брет Коплоу беше именуван за директор на Центарот за тутунски производи при Американската агенција за храна

ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ЌЕ ОСТАНАТ ВО АРМИЈАТА ДО ПЕНЗИОНИРАЊЕ Потпишани договори за продолжување на службата и

29/10/2026

Професионалните војници во македонската Армија добиваат можност да продолжат со службата и по навршувањето на 45-тата година, сè до пензионирањето,

МЛАДИТЕ ДА НЕ ПОЧНАТ СО ПУШЕЊЕ, ВОЗРАСНИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ИЛИ ДА НАМАЛАТ Двоен тест за

29/10/2026

Во септември 2026 година, Брет Коплоу беше именуван за директор на Центарот за тутунски производи при Американската агенција за храна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy