![СРБИЈА СЕ ЛУТИ НА БАКОЈАНИ: Изјавила дека заштитата на српското малцинство ќе биде подобра ако Косово стане членка на Советот на Европа](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/20171220162812-jpg.webp)
СРБИЈА СЕ ЛУТИ НА БАКОЈАНИ: Изјавила дека заштитата на српското малцинство ќе биде подобра ако Косово стане членка на Советот на Европа
Србија реагира на изјавата на главниот известувач за приемот на Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека изјавата на Бакојани, дека заштитата на српското малцинство на Косово ќе биде подобро ако Косово стане членка на Советот на Европа, е скандалозна, врв на лицемерието и, како што рече, „голо оправдување за промена на одлуката“.
„Имаше три услови. Првиот беше Дечани, вториот – прашањето за формирање на Заедницата на српските општини и третиот – стопирање на експропријациите во српските општини“, потсети Дачиќ.
Вели дека Бакојани ја променила одлуката иако порано и таа и сите западњаци велеле дека нема да дозволат Косово да влезе во Советот на Европа додека не се исполнат одредени услови. Неколку европски земји не ја признаваат независноста на Косово.