
Спроведоа истражување на 18 земји и открија која нација има најмногу тетоважи
Истражувањето спроведено на 9.054 испитаници од 18 земји покажало дека Италијанците се нацијата која најмногу лудува по тетоважи.
Резултатите покажаа дека уделот на испитаниците со најмалку една тетоважа во Италија е 48%, што ја става земјата на врвот на листата на земји каде тетоважите се најпопуларни. Швеѓаните се втори со 47%, потоа Американците со 46%, а на четвртото и петтото место се Австралија и Аргентина.
Како изгледа целата листа можете да видите на инфографикот.

