
Спремни за нов победнички старт: Македонија се загреа за првата битка во новиот циклус (ФОТО)
После слабиот циклус во Лигата на нации надополнет со слабите два теста во ноември, Македонија посакува победнички старт за да фати залет за главните пресметки со многу подобрите и пореномирани селекции во групата од великаните Италија и Англија до Украина.
Милевски не смета само на Доријан Бабунски поради повреда, но после една година повторно го има Аријан Адеми во средниот ред, без кого очигледно овој национален тим не може.