Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почесен граѓанин на Гостивар стана градоначалникот на Тирана Ерион Велиај
Македонија

Почесен граѓанин на Гостивар стана градоначалникот на Тирана Ерион Велиај

22/03/2023

AA

Со симболично предавање на клучот на градот, градоначалникот на Тирана Ерион Велиај стана почесен граѓанин на Гостивар.

На пригодната церемонија пред зградата на општина Гостивар гостинот од Албанија се заблагодари на укажаната чест и порача да се напуштат позициите на национализам и иднината да се гради според потребите на младите.

– На нашиот регион не му треба национализам, туку да ја градиме иднината за младите ако сакаме тие да останат во татковината. Додека постарите зборуваат за минатото, младите во училиштата зборуваат за информатичките технологии, за уметност, зборуваат странски јазици, рече Велиај.

Во обраќањето тој напомена дека е подготвен да финансира ученици од Гостивар кои сакаат да стекнуваат знаења преку обуки и креативни работилници кои се организираат во Тирана.

Во поздравниот говор, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, за гостинот кого го нарече братот од Тирана, нагласи дека тој е политичар со многу вредности и позитивна енергија и дека е вистинска чест неговото доаѓање.

Валбон Лимани, претседавач на Советот на општина Гостивар искажа благодарност до колегите советници кои едногласно ја изгласаа одлуката со која Велиај беше прогласен почесен граѓанин на Гостивар и во нивно име му врачи плакета со симболот на градот.

На свеченоста, гостинот беше придружуван од амбасадорот на Албанија, Фатос Река, а присуствуваа и повеќе претставници на институции, верски заедници и пратеници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
Македонија

Ивановски го освои 46-то место на Европското првенство во Бирмингем

16/08/2026
Македонија

Љупчо од Скопје го нема 10 дена, семејството тврди: Пред

16/08/2026
Македонија

Градоначалникот на Зелениково возел противпожарно возило за да ги спаси

16/08/2026
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45044
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

16/08/2026

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026

Во тек е спасувачка акција на повредено лице на Пелистер во близина на Мало езеро. Лицето е лоцирано и веќе

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожарите на отворен простор на територијата на државата до 13:00 часот На ден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy