
Спектакуларно финале на СП во пикадо – тинејџерската сензација не успеа да дојде до титулата
Литлер стигна до мечот за титулата со само 16 години и можеше да стане најмлад планетарен првак во историјата, но потклекна во клучните моменти и не успеа да оствари подвиг. Водеше со 4-2 и му требаа три сета за титулата, но потоа Хамфрис направи серија од 5-0 за конечна победа и бонус од 500 илјади фунти.

Литлер последните денови беше најголемата ѕвезда на првенството и се стекна со светска слава поради неговата возраст. Многумина не му веруваа дека има 16 години, па денеска се појави во медиуми со извод од матична книга на родените на кој пишуваше дека е роден на 21 јануари 2007 година.

