Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Специјални сили од девет држави започнаа меѓународна воена вежба, меѓу нив и Македонија
Македонија

Специјални сили од девет држави започнаа меѓународна воена вежба, меѓу нив и Македонија

25/04/2023

AA

Со учество на специјалните сили од Северна Македонија, Кипар, Австрија, Бугарија, Франција, САД, Црна Гора, Србија и домаќинот Грција, како и набљудувачи од Египет и Израел, вчера започна меѓународната вежба „ОРИОН 23“ на специјални сили – сили за специјални операции, што ќе трае до 5 мај.

Меѓународната вежба планирано е да се одржува во поширокиот копнен и поморски дел на регионите Атика и Виотиа, а од Генералштабот на грчката армија на Твитер објавија фотографии од денешната вежба на специјалните сили на Грција заедно со нивните колеги од земјите учеснички.

Вежбата „ОРИОН 23“ се одржува по шести пат и е паралелно и во склоп на Мултинационална воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ што исто така започна денеска.

Од Генералштабот на грчката армија (ГЕЕТА) соопштија дека за време на вежбата „ОРИОН 23“, што ја планира и спроведува Специјалната команда за војување на ГЕЕТА, избрано е сценарио кое предвидува формирање на Команда за специјални операции во која ќе има група за специјални копнени операции и група за поморски специјални операции.

Паралелно започна и Мултинационалната воздушна вежба „ИНИОХОС 2023“ во која со воздухопловни средства учествуваат САД, Кипар, Индија, Јордан, Шпанија, Италија, Саудиска Арабија, Словенија и домаќинот Грција, а Австрија и Канада ќе имаат само воен персонал, додека пак учеството на Германија, Обединетите Арапски Емирати, Мароко, Црна Гора, Бахреин, Словачка и Тунис е на ниво на набљудувачи.

Двете вежби, како што соопштија од ГЕЕТА се во рамките на меѓународните активности што ги организира и координира Генералштабот на грчката армија.

-Паралелното спроведување на двете вежби, во комбинација со интеракцијата меѓу трите ограноци на вооружените сили, Командата за специјално војување на ГЕЕТА и специјалните единици на безбедносните сили, како и со особено зголемениот број на учесници од странски земји, конкретната комбинирана оперативна обука ја прават уникатна од ваков вид, соопштија од Генералштабот на грчката армија.

Додадоа дека вежбите дополнително ја истакнуваат улогата на Грција како столб на безбедноста и стабилноста на поширокиот регион на Балканот и Медитеранот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45282
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е голема

27/08/2026

И покрај интервенциите на пожарникарите и воздухопловните единици, опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока. Во текот

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026

Од фабриките во Радовиш до полиците на Lidl во неколку европски земји – за македонските производители се отвора нова ера

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус, вели Клековски

27/08/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонилскиот вирус кај мртов гавран пронајден во паркот покрај општинската зграда во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy