Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дачиќ: Охридскиот договор не важи без ЗСО
Регион

Дачиќ: Охридскиот договор не важи без ЗСО

25/04/2023

AA

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека без формирање на Заедницата на српските општини како прва работа од Охридскиот договор, другите негови делови не можат да се исполнат.

– Не дека Охридскиот договор веќе не важи, туку овде зборуваме за тоа дека првото нешто во Охридскиот договор е ЗСО. Ако нема ЗСО, тогаш нема ниту други делови од тој договор – изјави Дачиќ во утринската програма на РТС.

Дачиќ рече дека начинот на кој државите ќе гласаат за покренување на процедурата за разгледување на барањето на Косово за членство во СЕ ќе влијае на тоа како Белград ќе се однесува кон нив во иднина.

– Црна Гора можеше барем да се воздржи. Мораме да дејствуваме реципрочно. Црна Гора гласаше за прием на Косово. Некогаш ќе им треба и нашиот глас, на кој сигурно нема да можат да сметаат – рече шефот на дипломатијата.

Дачиќ додаде дека е непријатно изненаден од гласот на Украина, бидејќи Србија го осудува нарушувањето на територијалниот интегритет на таа земја во сите резолуции ширум светот, а Киев се воздржа.

– Што се однесува до БиХ, дали некогаш во мојот говор не го кажавме територијалниот интегритет на БиХ. Сега кога некој ќе побара, ние ќе се воздржиме. Па зошто да бидеме за територијалниот интегритет на БиХ, а тие гласаат воздржано – рече Дачиќ.

Тој праша зошто некои земји се воздржани и дали го признаваат Косово или не.

– Грција и Словачка ме изненадија. Министерот од Грција беше на приемот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Грчкиот претседател зборуваше за тоа дека тие не го признаваат Косово – рече Дачиќ.

Тој им се заблагодари на сите кои гласаа против и покажаа дека се пријатели на Србија, вклучително и Кипар, Шпанија, Романија, Азербејџан и Грузија, а особено се заблагодари на Унгарија која ја призна независноста на Косово и гласаше против членството во Советот на Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45285
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шестмесечно бебе донесено починато во поликлиниката во Драчево

27/08/2026

Трагичен случај го потресе скопскиот регион откако шестмесечно бебе било донесено без знаци на живот во Поликлиниката во Драчево. Случајот

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до 10.000 евра и забрана за

27/08/2026

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна со засилени теренски контроли кај правните субјекти и трговците низ целата земја, за да утврди

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy