
Спасувачките екипи во потрага по преживеани под урнатините по земјотресот во Јапонија
Над 60 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди Јапонија на 1-ви јануари. Урнатините и оштетените патишта сè уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните.
Потресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското море. Поради дождот, кој според најавите ќе врне до четврток, јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони.
