Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО БОСНА: Работник шест дена бил заробен на планина
Регион

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО БОСНА: Работник шест дена бил заробен на планина

27/12/2024

AA

Работник шест дена бил заробен на планина кај босанскиот град Бихаќ на екстремни минусни температури. 

Тој е спасен и е безбеден. Четиричлена екипа на ГСС Бихаќ тргнала од Заваље за да го спаси завеаниот работник на Плешевица, кој шест дена се криел во контејнер на екстремни температури и снег.

Како што велат, планинарската патека Заваље – Буква била непроодна поради над еден метар снег, па екипата одела по друг пат иако бил подолг.

„По осум километри, моравме да продолжиме пеш низ длабок снег користејќи чевли за снег. Работникот го најдовме околу 21.30 часот во контејнер, каде што помина шест дена поради невремето и студот. Беше неповреден и имаше доволно храна, но истоштен“, велат од ГСС Бихаќ.

На враќање движењето било забавено поради болката и заморот на човекот, што ја отежнало акцијата.

„По 12 часа и 26 километри поминати во искачување на 1.600 метри, акцијата беше успешно завршена во 4.30 часот со пристигнувањето во Заваље. Оваа тешка и исцрпувачка интервенција уште еднаш ја покажува одлучноста и подготвеноста на нашите екипи“, нагласи ГСС Бихаќ.

Снежно невреме го зафати Балканот. Во Босна и Херцеговина(БиХ) деновиве поради снежното невреме 200.000 домаќинства останаа без струја. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026
Македонија

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се

10/06/2026
Македонија

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026
Македонија

Колку ќе добие државата од „Иловица“? Новите правила носат поголеми

10/06/2026
Македонија

Утре авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

10/06/2026
Македонија

Уапсени двајца скопјани на Долно Блаце, осомничени за кражба на

10/06/2026
Македонија

Царината заплени 312 пури вредни 4.000 евра на Табановце –

10/06/2026
Македонија

Обезбедени 50 милиони денари за нова противпожарна станица во Аеродром

09/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43685
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен

Костадиновски: „Нема да коментирам политички ставови, но во јавноста се присутни лични дисквалификации“

10/06/2026

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, реагираше по медиумските прашања поврзани со соопштението на политичката партија „Левица“, истакнувајќи дека

Јаневска: Учебната година заврши, учениците на заслужен летен распуст

10/06/2026

Со завршувањето на наставата денеска, учениците низ целата држава официјално влегуваат во летниот распуст, кој ќе трае до 31 август

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy