Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасувачка акција на Шар Планина, повреден планинар – надлежните на терен
Македонија

Спасувачка акција на Шар Планина, повреден планинар – надлежните на терен

04/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува со почетен рапорт за среќната завршница на денешната спсителна акција на Шар Планина: повредениот планинар во 15.00 часот се јави во Регионалниот ЦУК Тетово да се заблагодари на сите што така брзо реагирале за да му помогнат и при тоа информирал дека тимот спасители го презел со „ратрак“ (специјално големо возило со гасеници за движење по длабок снег по висок терен) на „Ескимо Фрирајд“ во 14.30 часот, а тој се повредил околу 14.00 часот и безбедно го спуштаат надолу по Шар Планина за да добие посоодветен медицински третман, после првата помош. Во скијачкиот центар на Шара го чека медицински тим, бидејќи во момент на известувањето од ЦУК спасувачката акција се уште трае.

Конкретно во ЦУК, околу 14.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи на 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан. Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“. Двајцата биле последни од групата со којашто одел. Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и опасно ја повредил ногата, за којашто не се знае дали му е скршена или само повредена, а и општо му се лошело после лизгањето. Местото на настанот е пекрасен предел, но е далеку горе на планината, до каде што треба повеќе од три, четири или повеќе часови да се стигне, под услов веднаш да тргне специјализиран спасувачки тим, што се во ниските делови од пределот. Но, во конкретниот случај соработката и меѓусебната координација на институциите, службите и приватните фирми овозможи да се пронајде многу брзо решение и на помош бил употребен „ратрак“ на приватната фирма „Ескимо Фрирајд“, коишто практично во тој предел биле на прошетка со туристи коишто уживале при прошетката со „ратраг“ – туристичка активност што се именува како „слободно возење во природа“. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, и самиот составен од пасионирани планинари, иако во моментот превезувал – шетал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот којшто почнал веќе неговиот другар да го спушта пополека колку можело надолу поблизу за помагање, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво.

ЦУК, заедно со другите инволвирани институции (Полицијата од Тетово, Националниот парк, Итната медицинска помош, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека ратрак на „Ескимо Фрирајд“ е во тој предел нешто подолу во туристичка прошетка, со што било остварено спасувањето толку брзо.

Спасувачката акција се завршува со голема среќа во несреќа за повреден планинар на повисоките делови на Шара, што е ситуација што поттикнува на превентивни активности и со внимателност кога се оди во планина, колку и да е времето убаво.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси

22/02/2026
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЛЕДНАВА НЕДЕЛА ПОВЕЌЕ СОНЦЕ И ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ Топли воздушни маси доаѓаат од југ

22/02/2026

Во текот на целата седмица што претстои Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026

Надлежните служби спроведуваат постапка за утврдување на причините поради кои две ретки птици од видот мршојадец биле пронајдени угинати во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy