
Спасување од урнатините: Дете е извлечено од под урната зграда во Сирија (ВИДЕО)
Белите шлемови, официјално познати како Сириска цивилна одбрана, спасија дете закопано под падната зграда во северна Сирија, јавува Ројтерс. Големи штети беа предизвикани по земјотресите во Турција .
Отпрвин, спасувачите ги гледаат само прстите на детето. Почнуваат да копаат со голи раце. Тие успеваат да го извлечат жив од урнатините. За време на операцијата спасувачите го смириле детето, велејќи му дека татко му е со него.
Над 4.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија од големите земјотреси. Последователните потреси продолжија и во текот на ноќта.
Белите шлемови известуваат за 740 смртни случаи во Сирија од катаклизмата.