Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“
Македонија

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

30/05/2023

AA

Денеска (30.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше дел од регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“, во организација на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ, а во присуство на претставници од невладини и меѓународни организации.

Истакнувајќи дека превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе се високо позиционирани на агендата на Владата на Република Северна Македонија, а со тоа и на македонската полиција, министерот Спасовски рече дека тоа продуцира партнерски пристап и заеднички придонес кон зголемување на ефикасноста на системот како целина и ефективно справување со овој вид криминалитет. Според министерот Спасовски, Министерството за внатрешни работи пристапува со посебно внимание кон случаите на трговија со луѓе, имајќи ги во преден план последиците кои предизвикуваат тешки човечки трауми за жртвите.

„Од досегашното искуство во справувањето со трговијата со луѓе, надлежните служби и единици во рамки на Министерството издвојуваат неколку начела, според кои се преземаат сите натамошни активности. Имено, борбата против трговијата со луѓе првично бара проактивен и мултидисциплинарен пристап, поради што ги вклучуваме сите релевантни партнери од институционалните сектори, граѓанското општество и меѓународната заедница и работиме на развивање на регионалната соработка и обезбедување континуирана обука на стручни лица од сите профили. Притоа, клучен елемент за преземање континуирани мерки во насока на подобрување на идентификацијата на жртвите од трговијата со луѓе, како и обезбедување нивна помош и заштита во нашиот систем претставува Националната комисија за борба против трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Националниот координатор на Република Северна Македонија”, истакна Спасовски, напоменувајќи дека активностите на Националната комисија се современи и иновативни, бидејќи ги следат стандардите за делување од земјите членки на Европската Унија и даваат конкретни насоки за институциите и невладините организации, со цел соодветно преточување во домашното законодавтство.

Министерот Спасовски во своето обраќање се осврна и на моменталните состојби во Република Северна Македонија во делот на трговијата со луѓе, подвлекувајќи дека за разлика од порано, денес Република Северна Македонија е земја на крајна дестинација, земја на потекло и земја на транзит кога станува збор на трговијата со луѓе.

„И додека претходно жртвите беа речиси секогаш млади девојки од Југоисточна Европа, сега забележуваме тренд на регрутирање на жртви од внатрешноста на нашата земја, но и од други земји од регионот. Исто така, во минатото жртвите од трговијата со луѓе беа искористувани, главно, за сексуална експлоатација, но денес истражуваме случаи на трудова експлоатација и трговија со деца за целите на питачење или други форми на криминал. Сѐ повеќе, елементите на експлоатацијата вклучуваат принудни бракови и трудова експлоатација во угостителски објекти”, рече Спасовски, потсетувајќи дека Западно-балканската рута и натаму останува атрактивна за мигрантите, а извештаите на МВР, но и на оние од релевантни меѓународни организации укажуваат дека мигрантите, на нивниот пат до посакуваната дестинација, сè повеќе ги користат услугите на криумчарите, а имајќи ја предвид ранливоста на мигрантите, во многу случаи, самите тие – од корисници на услуги стануваат жртви на трговија со луѓе.

Нагласувајќи ја подготвеноста и на Министерството за внатрешни работи и на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на сите видови мерки кои ќе ја подобрат состојбата со трговијата со луѓе, Спасовски изрази посебна благодарност на Германското друштво за меѓународна соработка, односно Канцеларијата на ГИЗ во Скопје и на МАРРИ Иницијативата, за нивната визија во конципирањето на регионалниот проект „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан – ПаКТ“,

 

„Синергијата обезбедена во рамките на овој проект придонесе за тесна соработка и координација помеѓу постоечките мрежи во регионот, односно Мрежата на Координатори за превенција од трговијата со луѓе, управувана од МАРРИ и Мрежата на координатори за борба против трговијата со луѓе од Југоисточна Европа, управувана од Меѓународниот центар за развој на миграциска политика, осигурувајќи одржливост, избегнување преклопувања и спроведување на сопствените агенди”, нагласи министерот Спасовски, уште еднаш  потенцирајќи ја важноста која Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја придава на меѓународната соработка, во рамки на која се спроведуваат различни проекти неопходни и за надградба на капацитети, но и за промовирање на постигнатото во рамки на Министерството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy