Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска на скринингот за Поглавјето 26, „Образование и култура“
Македонија

Костадиновска-Стојчевска на скринингот за Поглавјето 26, „Образование и култура“

30/05/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел со свое излагање ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“, на кој членовите на работната група ќе го презентираат нивото на усогласеност на македонското законодавство со правното законодавство на Европската Унија во областа на образованието и културата.

Темите и областите во ова поглавје што ќе бидат опфатени на состанокот се однесуваат на соработката во областа на образованието и обуката, младите и спортот, културата, пристапот до образованието, како и учеството во програми и други инструменти на ЕУ.

Министерството за култура, како една од надлежните институции за Поглавјето 26, е одговорно за креирање и спроведување на културната политика. Националната програма за развој на културата 2018 – 2022 година претставува долгорочна проекција на реформите во културната политика на Северна Македонија и основа за следната, која е во изработка, вклучувајќи ја културната политика на Европската Унија, Обединетите нации, УНЕСКО и на Советот на Европа.

Македонската делегација на скринингот ја предводи вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, a дел од неа е и министерот за образование Јетон Шаќири, кој ќе презентира на темата: „Систем на образование: Политики и структури“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy