Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: имаме најдобри резултати во последните 30 години, во борбата со недозволената трговија со дрога
Македонија

Спасовски: имаме најдобри резултати во последните 30 години, во борбата со недозволената трговија со дрога

28/10/2023

AA

Министерот за внатрешни работи во интервјуто за МИА запрашан за акциите за справување со недозволената трговија со дрога го повтори ставот дека борбата против недозволената со дрога е еден најврвните приоритети на Министерството за внатрешни работи и се третира како врвен безбедносен предизвик веќе на подолг период, како во нашата земја така и во земјите во регионот и пошироко.

„Таа борба ја дискутиравме и на Форумот кој што беше за внатрешни работи, ЕУ – Западен Балкан, пред неколку дена во Скопје. Токму тероризмот, организираниот криминал во којшто спаѓаат и трговијата со дрога, оружје, криумчарењето на мигранти, сајбер безбедноста се предизвици пред коишто сите ние сме исправени и бараме начин како да се справиме со тој проблем. Секако дека таа поставеност и предвидливост во делот на криминалитетот со дрога, е нешто што сме го задале како врвен приоритет и на којшто работиме со несмалено темпо сите овие години. Прво, сакам да кажам за овие 9 месеци од 2023 година имаме намалување на вкупниот криминалитет во државата за 11 проценти, споредено со истиот период од 2022 година, а знаеме дека 2022 година ја завршивме со резултати коишто беа најдобри во последните 30 години. Меѓутоа тој тренд на подобрување, односно намалување на криминалитетот и зголемување на вкупната ефикасност на МВР, практично се оценка за работењето на МВР“, истакна министерот Спасовски.

Министерот Спасовски образложи дека периодот од почетокот на годината до крајот на октомври за недозволена трговија со дрога МВР има откриени 576 кривични дела во коишто кривично се пријавени 674 сторители. Притоа се бележи зголемување на заплената на кокаин, на амфетамини и на екстази, откриена е лабораторија за производство на амфетамини, а неодамна и една за производство на марихуана.

„Запленети се околу 304 килограми марихуана, 7 килограми амфетамин, 3,2 килограми кокаин, околу 4000 парчиња екстази, 146 стебла канабис, околу 5000 таблети трамадол, 3500 таблети MDMA. И секако дека откривањето на лабораториите за производство е врвен приоритет, знаете дека пред неколку дена откривме лабораторија за производство на канабис, овде на територијата на градот Скопје. Тоа ја покажува посветеноста на највисоко ниво во однос против трговијата со дрога, меѓутоа исто е важно да се работи на разбивање на организираните криминални групи коишто се бават со трговија со дрога. Во тој дел, можам да кажам дека за овие девет месеци се пресечени три транспорти на марихуана и сузбиени се 5 криминални групи коишто дејствувале меѓународно или национално во делот на недозволената трговија со марихуана и кокаин и во коишто членувале 28 македонски државјани, при што се запленети 71 килограм марихуана и 1.5 килограми кокаин“, презентираше низ бројки министерот Спасовски.

Министерот Спасовски се надоврза и на заедничките операции со државите во регионот и заедничките истраги на државите при разбивање на таквите криминални групи во Албанија и Грција, при што се запленети 429 килограми кокаин.

„Тоа се информации коишто се заеднички споделени и преку заедничка оперативна акција се дојде до целосна реализација. Ќе напоменам, во почетокот на јуни оваа година Одделот за криминалистичка полиција во рамки на Меѓународната служба за борба против дрога од Солун заедно со американската ДЕА и со СЕЛЕК, заеднички работевме и се запленети 161 килограм кокаин на пристаништето во Солун, којшто потекнува од Еквадор. Секако дека како продолжеток на оваа активност беше сузбиена и меѓународна криминална група на почетокот на мај годинава кога, исто така, во Солун беа запленети 104 килограми кокаин и притоа беа лишени од слобода 10 лица од коишто седум се државјани на Грција, три државјани на Албанија, а во Северна Македонија се лишени 4 лица за истиот овој случај. Морам да споменам дека е важна и билатералната соработка помеѓу државите, не само во заедничките меѓународни акции. На билатерална основа заедно со полициите на Грција и македонската полиција спречивме транспорт на дрога во вредност од околу 200.000 евра и притоа беа уапсени двајца албански и еден грчки државјанин и преку таа билатерална акција е пресечен канал на дрога“, истакна Спасовски.
Според министерот Спасовски и сузбивањето на уличното дилерство е еден од приоритетите на кои работи полицијата.
„Ако ги погледнете билтените и извештаите на МВР ќе видите дека скоро и да нема ден во којшто не е објавено дека улични дилери, продавачи на наркотични дроги биле уапсени при претрес низ целата држава. Тоа е приоритет којшто го работиме постојано во изминатиот период и тука може навистина да стане збор за една жестока борба што ја водиме со овој безбедносен предизвик. Од 2017 па сѐ до 2023, крајот на август, откриени се вкупно 4.702 кривични дела со вкупно 5.441 санкционирани сторители, најчесто по член 215 и 216 од Кривичниот законик, со што ќе видите како заплената или ефикасноста на полицијата се зголемува“, акцентираше Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy