Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и Фик од Вашингтон: МВР покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна
Македонија

Спасовски и Фик од Вашингтон: МВР покажа исклучителна подготвеност во справување со сајбер закани, соработката со САД и НАТО сојузниците е клучна

11/01/2024

AA

Денеска, (11.01.2024) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работната посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, оствари средба во Стејт Департментот со Амбасадорот за сајберпростор и дигитална политика, Натаниел Фик.

Потенцирајќи го ангажманот на МВР на Република Северна Македонија во развивањето и спроведувањето на силна дигитална политика и стратегии за сајбер безбедност како суштинско значење за заштита на нашите граѓани и инфраструктура, Спасовски ја истакна подготвеноста за справување со сајбер заканите.

„МВР на Република Северна Македонија покажа исклучителна подготвеност во справувањето со овој вид на закани, при што се формираше меѓу секторска криминалистичка обработка помеѓу Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал , Секторот за компјутерски криминал и Секторот за меѓународна полициска соработка, со цел успешно справување, размена на информации, обезбедување на електронски докази, размена на информации преку меѓународните канали (Интерпол, Европол), контакт со меѓународни Интернет Сервис провајдери, VPN сервиси и др. Со ова на ум, сакам да споделам некои од клучните области на кои нашето министерство се фокусира”, рече министерот Спасовски. Притоа, тој го информираше амбасадорот Фик за националните капацитети и унапредувањето на меѓународната соработка на стратешко ниво.

„Прво, ние сме посветени на засилување на нашите национални капацитети за сајбер одбрана. Ова значи инвестирање во најновите технологии, обука на нашиот персонал и спроведување на редовни вежби за да бидеме подготвени за хибридни закани. Тука би го споменал капиталниот проект во насока на градење на дигитална инфраструктура со современ ИКТ податочен центар за опоравување од катастрофи. Тоа е back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Второ, меѓународната соработка и партнерство се камен темелник на нашата стратегија. Соработката со сојузниците и партнерите од НАТО, со Соединетите Американски Држави, е клучна за размена на информации, ресурси и најдобри практики. Ние сме ангажирани да градиме и учествуваме во мултилатерални иницијативи за да се спротивставиме на сајбер заканите на координиран и ефикасен начин. Тоа особено беше евидентно за време на хибридните напади изминатата година, со лажни дојави за екплозивни направи во над 700 државни објекти, а за кои реагиравме и успешно се справивме со воспоставување на посебни безбедносни протоколи”, истакна Спасовски, додавајќи дека поддршката од Соединетите Американски Држави ќе се продлабочи, дејствувајќи и како „одвратувач“ за одредени актерии, но и бедем кој цврсто ќе стои гарантирајќи ја безбедноста на сајбер просторот и воопшто на целата инфраструктура.

Притоа, Спасовски изрази формално барање за натамошна поддршка и помош во развивањето на системот за сајбер безбедност и заштита на критичната инфраструктура на Република Северна Македонија, области чие што значење и безбедност се еден од приоритетите на државата.

Од страна на амбасадорот Натаниел Фик беше поздравен успехот со изградбата на ИКТ центарот во Прилеп кој овозможува заштита на дигиталните податоци на државните институции. Тој му честиташе на министерот Спасовски за успехот во организацијата и гарантирањето на безбедноста на Самитот на ОБСЕ во Скопје, при што истакна дека продолжува унапредувањето на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија. Воедно, Спасовски и Фик се согласија заеднички да се работи на имплементација на Националната стратегија за сајбер безбедност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy