Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски – Демерџиев: Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев
Македонија

Спасовски – Демерџиев: Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев

30/01/2023

AA

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, што треба да се одржи в сабота и дека во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.

– Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев – изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Дека ќе се работи на обезбедувањето мирно и спокојно чествување на Гоце Делчев по средбата потврди и Демерџиев.

– Ги добив сите информации од колегата Спасовски дека сѐ ќе биде обезбедено, дека ќе бидат преземени апсолутно сите мерки за безбедно одвивање на настанот. И јас исто така го уверив дека луѓето коишто ќе дојдат на чествувањето во никој случај нема да дозволам да предизвикаат какви било провокации или да дојде до несакани настани. Постигнавме согласност дека сѐ ќе биде во најголем ред за одвивање на овој настан и да не дозволиме некои луѓе да се обидат да го распалат огнот, каде што го нема. Целта е да се одржи чествување на еден великан Гоце Делчев, а не да биде центар и место каде што ќе настанат радикални појави – изјави Демерџиев по средбата со неговиот македонски колега во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026
Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026
Македонија

Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќерката

16/08/2026
Македонија

Избувна пожар над село Вражале: Екипите се на терен, за

16/08/2026
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45056
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Горан Митков го освои грузискиот врв Казбег висок 5.054 метри

16/08/2026

Нов голем успех за македонското планинарство, Горан Митков, член на СПД „Пробиштип“, успешно се искачи на врвот Казбег во Грузија,

Масовна тепачка во Кочани, приведени неколку лица

16/08/2026

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

16/08/2026

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy