
Спасена жена од пожарот во куќата во Кочани
Во големиот пожар кој избувна попладнево во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во центарот на Кочани, припадниците на Територијалната пожарна служба се на местото на настанот со неколку возила и се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од куќата која била опожарена пожарникарите успеале да извлечат повозрасна жена, која, според првичните информации, не е во животно загрозувачка состојба.
„Браќа Ставреви“ е густо населена улица со куќи една до друга, поради што постои опасност огнот да се прошири. За сега, пожарникарите успеваат да ја локализираат огнената стихија.
Во моментов не можат да се добијат подетални информации, бидејќи гаснењето на пожарот се уште трае.
