Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму
Македонија

Славески: Македонија златото го чува во Банка во Англија, ќе проверам дали е таму

22/07/2025

AA

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на отворена работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, изјави дека и покрај стабилноста на девизните резерви, нивото на монетарното злато не е задоволително. Тој изрази недоумение зошто е прекината праксата на зголемување на златните резерви, особено во услови кога цената на златото на светските берзи континуирано расте.

Според Славески, вкупните девизни резерви моментално изнесуваат меѓу 4,6 и 4,7 милијарди евра, што е, како што рече, „комотна позиција“ за земјата, бидејќи покриваат приближно 4,5 месечни вредности на увозот, над светскиот препорачан стандард од 3 до 3,5 месеци.

– Девизните резерви се во сигурни раце. Со нив раководат обучени професионалци, со дневно следење на пазарните движења и редовно поднесување извештаи до Собранието. Дел од средствата се вложуваат во сигурни хартии од вредност и во стабилни банки, од кои добиваме позитивен принос – изјави гувернерот.

Тој потврди дека дел од девизните резерви се чуваат во злато, кое Македонија го депонира во Банката на Англија. За есен е планирана посета на оваа институција од страна на тим на Народната банка предводен од гувернерот, со цел директна проверка на златните резерви.

– Не знам зошто е запрена практиката да се зголемува износот на монетарното злато. Во минатото го откупувавме домашното злато од рудниците и го стававме во резервите. Цената на златото само во последната година се зголеми двојно. Во услови на глобална несигурност, инвеститорите секогаш бараат сигурни средства, а златото е едно од нив – истакна Славески.

Во рамки на дискусијата, претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, посочи на потребата од поголема транспарентност и конкретни резултати во борбата против корупцијата и подобрување на банкарските процедури.

– Транспарентноста ја споменуваме постојано, но реално ја нема. Не се знае доволно за државната помош за странските инвеститори, за стоковните резерви, па дури ни за девизните резерви – рече Азески.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy