Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СПАСЕН ЖИВОТ СО ПРЕСАДЕН ЦРН ДРОБ Од донорот е пресаден и бубрег кај 51-годишна пациентка
Македонија

СПАСЕН ЖИВОТ СО ПРЕСАДЕН ЦРН ДРОБ Од донорот е пресаден и бубрег кај 51-годишна пациентка

19/04/2026

AA

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67-годишен пациент, а на уште една пациентка на 51-годишна возраст ѝ е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.

– Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за солидарност, за највисок чин на алтруизам. Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Ова семејство покажа што значи вистинска хуманост, нивната одлука ќе живее преку тие на кои им е дадена нова шанса. Огромна благодарност на семејството на донорот за овој хуман чин, по загуба на нивен член од семејството – рече министерот за здравство, Азир Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност за семејството без чија согласност немаше да биде можно да се извршат овие трансплантации.

– Зад секоја трансплантација стои човечка приказна. Овој пат е приказна за храброст и дарување живот. Тоа е највисокиот чин на солидарност што едно општество може да го има – рече таа.

Министерот и координаторката се заблагодаруваат на координаторите за трансплантација и на сите медицински екипи од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Клиниката за дигестивна хирургија, Клиниката за урологија, Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за нефрологија и Институтот за трансфузиологија за нивната посветена и неуморна работа.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy