Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спахиу реизбран за поглавар на Албанската муслиманска заедница – верниците незадоволни протестираат пред Медресето
Регион

Спахиу реизбран за поглавар на Албанската муслиманска заедница – верниците незадоволни протестираат пред Медресето

02/03/2024

AA

За поглавар на Албанската муслиманска заедница (МВЗ) на денешната седница на Претседателството на заедницата е реизбран Бујар Спахиу, кој на оваа функција беше во изминатите пет години.

За негов повторен избор гласале 82 од 92 членови на претседателството. Неговите противкандидати, Едуард Шефки и Емиријан Ветај, добиле по три гласа, додека четири ливчиња биле неважечки.

Во заедницата веќе подолг период присутна е поделбата, со обвинувања на дел од имамите но и верниците дека раководството е поврзано со организацијата на Фетула Ѓулен, која Турција ја смета за терористичка. Дел од нив незадоволството го изразија со протест пред Медресето додека се одржуваше изборниот процес за именување на нов поглавар.

– Опасноста од ѓуленистите за Албанија е преголема, бидејќи во некои земји во светот организацијата „Фето“ е прогласена за терористичка организација а кај нас нејзини приврзаници ја раководат заедницата, обвинија учесниците на протестот, држејќи транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Легитимитет на МВЗ“, „Ѓуленистите да си заминат од раководството на МВЗ“.

Претходно, барање за „исчистување на остатокот на ова организација во Албанија“ од премиерот Еди Рама побара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на посетата на Анкара, на 20 минатиот месец.

Истото барање го постави и шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, при неговата посета на Тирана на 29 јануари, кој според медиуми, уште му предочил на неговиот албански колега, Игли Хасани, дека раководството на МВЗ е поврзано со т.н. организација „Фето“, поради што и не го посетил седиштето на заедницата.

Според експертите од областа на верските прашања во ова земја од „880 џамии дури 600 се раководени од „ѓуленисти“. 

Фото и извор: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy