Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прекин на огнот во Газа до Рамазан, хуманитарна помош се праќа по воздушен пат
Македонија

Прекин на огнот во Газа до Рамазан, хуманитарна помош се праќа по воздушен пат

02/03/2024

AA

Останува оптимизмот во разговорите за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа кои се водат со посредство на Египет и Катар. И по крвавиот напад врз хуманитарниот конвој во кој животот го загубија над 100 палестински цивили, сè уште се бара начин за изнаоѓање договор за запирање на борбите меѓу Израел и Хамас до муслиманскиот празник Рамазан. За Вашингтон крвавиот напад на северот од Газа внесува дополнителна итност во разговорите за запирање на војната и за ослободување на израелските заложници. Оттаму велат, оти немаат индиции дека по нападот, дискусиите за прекин на војната се значително излезени од колосек, но сепак многу зависи од очекуваниот одговор на Хамас.

„Сè уште се надевам на прекин на огнот. Но, не е готово додека не заврши. Мора да има договор за тајмингот, а тие сè уште се далеку од тоа“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

А, состојбата во Појасот Газа сè уште на раб на катастрофа. Хаотичните слики на кои жителите на Газа се соочуваат со недостиг од основните прехранбени производи, недостиг од вода и лекови продолжуваат да го ужаснуваат светот. Болниците дополнително се оптоварени со ранети, по смртоносниот напад врз хуманитарниот конвој. Меѓународните организации со апел да се направи повеќе за спас на цивилите.

„Додека ви зборувам, во оваа болница се лекуваат над 200 луѓе кои беа повредени. Не смее да се дозволи да продолжат овие настани. Треба да имаме безбеден премин низ Газа за да стигнеме до луѓето на кои им е потребна хуманитарна помош. Се надеваме дека во наредните денови поголеми конвои со храна ќе влезат во Северна Газа“, вели Георгис Петропулос – раководител на канцеларијата за хуманитарни прашања.

Вашинтон испраќа пакети хуманитарна помош пуштена од воздух. Египет, Франција, Јордан, Катар и од Обединетите Арапски Емирати веќе користеа воздушен пат за доставување на помошта, но најголем дел од хуманитарната помош за Газа и натаму доаѓа преку граничниот премин Рафах со Египет.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy