
Советникот на Трамп: Тој сака да ги повлече САД од НАТО
Доналд Трамп сака да ги повлече САД од НАТО – тој не блефира и не преговара за да има поголеми придонеси од земјите-членки на Алијансата. Така мисли неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон.
„Бев таму во Брисел кога тој за малку ќе ги повлече САД од НАТО. Неговата цел не е да го зајакне НАТО, туку да постави основа за заминување на САД“, рече Болтон, цитиран од Politico: Болтон: Ако биде реизбран Трамп би можел да ги повлече САД од НАТО.
За Болтон ваквата одлука ќе значи крај на НАТО, а ефективно и на секој меѓународен сојуз со учество на САД, бидејќи никој повеќе нема да му верува на Вашингтон.
Џон Болтон славно се раздели со Трамп, дури и објави книга во која го опиша поранешниот претседател како некој кој сака само да освои уште еден мандат – пред сè. Советникот смета дека Трамп и по 4 години на функција не знае ништо за тоа да биде претседател на САД и нема ни трошка претстава за последиците од важните одлуки како оваа врз НАТО.
Изданието Хил пишуваше за конференцискиот повик на неколку републикански сенатори со Трамп. Нивната главна идеја е дека на која било странска земја САД и помагаат, тоа мора да биде преку заеми. Еден од нив е републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој ги поддржува САД да и помагаат на Украина.
„Спасувачкиот пакет и дава шанса на длабоко задолжената Америка да си ги врати парите и ја менува парадигмата за тоа како им помагаме на другите. Претседателот Трамп е во право што нè турка да размислуваме надвор од кутијата“, рече Греам: Американски сенатор за Украина: Русите умираат , никогаш не сме трошеле толку добро пари (ВИДЕО)
Идејата наидува на силен отпор кај демократите, а нема безрезервна поддршка кај самите републиканци.
Во пакетот Украина , Израел и Тајван што сега го усвои Сенатот, околу 26 милијарди долари се наменети за финансирање за надополнување на американските резерви на американско оружје и муниција доставени за Украина, Израел и Тајван.
