
Советник од ВМРО-ДПМНЕ нов директор на Струшки вечери на поезијата
Никола Кукунеш e нов в.д. директор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“. Кукунеш на функцијата доаѓа на местото на Цветанка Маркоска, чиј мандат како в.д. директор престана со решение на Министерството за култура и туризам од 15 јули 2025 година.
Именувањето е евидентирано во Централниот регистар со решение донесено на 23 јули 2025 година, по прием на пријавата на 18 јули и нејзиното одобрување на 23 јули.
Со оваа промена, Кукунеш го презема управувањето со една од најпрестижните културни манифестации во земјата, која секоја година привлекува врвни светски и домашни поети во Струга.
Кукунеш во јавноста е познат од претходните свои јавни настапни како Советник во Советот на општина Струга.