
Состојба на пожари во Македонија: Активни четиринаесет – четири под контрола
На територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари, информираат од ЦУК.
14 активни,
4 под контрола,
4 изгаснати.
АКТИВНИ: 14
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација);
2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, крак према с. Градешница и границата со Р. Грција (мешана шума);
3. Општина Прилеп 2 – активен кракот кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци), додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки, ниска вегетација);
5. Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);
6. Општина Струмица – с. Баница и нас. Софилар (висока трева);
7. Општина Петровец – с. Средно Коњаре, кај реката Пчиња (ниска вегетација и ниска шума);
8. Општина Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума);
9. Општина Старо Нагоричане и Куманово – с. Облавце кон с. Бењаковце (ниска вегетација);
10. Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинце (ниска вегетација);
