Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација
Македонија

„Срамни услови во Скопје“ – Жестока критика од Италијанската теквондо федерација

26/07/2025

AA

Претседателот на Италијанската теквондо федерација, Анџело Чито, остро ја критикуваше организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година се одржува во Скопје. Во изјава за италијанската новинска агенција АНСА, тој го нарече натпреварувањето „сценарио какво не очекувал да го види во 2025 година“, нарекувајќи ги условите „срамни“.

Чито истакна дека, и покрај тешките околности, италијанските теквондисти успеале да освојат три медали и покажале исклучителна пожртвуваност.

„Децата го заслужуваат моето длабоко признание. Не само поради освоените медали, туку затоа што се натпреваруваа храбро, во објекти во распаѓање, со чест прекини, без струја и без минимални хигиенски услови. На речиси 50 степени Целзиусови снема струја, па климите не работеа. Ова не смееше да се случи“, рече Чито.

Неговиот гнев беше насочен кон организаторите, за кои рече дека не понудиле ниту минимум стандарди за меѓународно спортско натпреварување.

И покрај лошите услови, ЕМОФ донесе солидни настапи за македонското теквондо. Репрезентацијата ја претставуваа тројца натпреварувачи, а најдобар пласман оствари Душица Бресалиева, која стигна до борбата за медал.

Потсетување: по олимпиското сребро на Дејан Георгиевски во Токио 2020 и настапот на Милијана Рељиќ во Париз, ова е уште еден чекор напред за македонското теквондо. Но, останува прашањето: дали спортските херои заслужуваат вакви услови?

Фото: ЕМОФ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy